Инвестирани 600.000 евра

Bez autora
Aug 26 2012

Изградба на патот до Горно Јаболчиште, реконструкција на болницата за белодробни заболувања Јасеново" и ново училиште во Горно Врановци се трите најзначајни проекти што беа реализирани годинава во општина Чашка. Над 3.000 жители од планинските села Горно и Долно Јаболчиште и Дреново со светот се поврзани со асфалтен пат во должина од 13 километри. Болните од болницата во Јасеново не само што добија добри услови, туку со помош на Министерството се обезбедени со најсовремени апарати, а 30 ученици од Горно Врановци учебната година ќе ја почнат во нова училишна зграда. За неполни четири години во Општината се инвестирани 600.000 евра во асфалтирање на патишта. Извршено е осветлување на 42 населени места, изградени се вкупно 15 улици, еден мост и спортско игралиште. Во реонот на Солунска Глава, Богомила, Папрадиште, Лисиче, полека се враќа животот. Се создаваат услови за развој на сточарството, туризмот. Во планинарските домови се поголем е бројот на гости од странство, а има интерес и за развој на манастирскиот туризам.

Инвестирани 600.000 евраИзградба на патот до Горно Јаболчиште, реконструкција на болницата за белодробни заболувања Јасеново" и ново училиште во Горно Врановци се трите најзначајни проекти што беа реализирани годинава во општина Чашка.

Над 3.000 жители од планинските села Горно и Долно Јаболчиште и Дреново со светот се поврзани со асфалтен пат во должина од 13 километри. Болните од болницата во Јасеново не само што добија добри услови, туку со помош на Министерството се обезбедени со најсовремени апарати, а 30 ученици од Горно Врановци учебната година ќе ја почнат во нова училишна зграда.

- За неполни четири години во Општината се инвестирани 600.000 евра во асфалтирање на патишта. Извршено е осветлување на 42 населени места, изградени се вкупно 15 улици, еден мост и спортско игралиште - вели градоначалникот Горанчо Пановски.

Во реонот на Солунска Глава, Богомила, Папрадиште, Лисиче, полека се враќа животот. Се создаваат услови за развој на сточарството, туризмот. Во планинарските домови се поголем е бројот на гости од странство, а има интерес и за развој на манастирскиот туризам.

Co овие резултати Општина Чашка ја одбележува 16-годишнината од постоењето. Градоначалникот Пановски вели дека е задоволен од тимската работа на администрацијата зашто поголем дел од предвидувањата се исполнети.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik